ПРАВОСЛАВНА ТВ СЕРИЈА “ПО ДЕЛАТА ЌЕ ТЕ ПРЕПОЗНАAМ”


Христијанско - Православната ТВ серија По делата ќе те препознаам се емитуваше од 2013. до 2018. година на националниот канал ТВ 5 плус и ТВ 5. Преку неа гледачите се едуцираа за православието, преку бројни документарни истражувања и интерјуи со врвни авторитети на разни теми. Во прилог се содржините од дел од емисиите кои беа ставени на ДВД.

  • БОЖИК – емисијата дава исцрпни информации илустрирани со видео записи од периодот на раѓањето на Пресвета Богородица до раѓањето на Господ Исус Христос. Детално се објаснети и протолкувани сите важни настани и моменти поврзани со овој празник и посочено е зошто е тој главен празник, мајка на сите други празници и каде се денес главните реликвии поврзани со празникот, од тоа време.
  • ВЕЛИК ДЕН – ВЕЛИГДЕН – во емисијата се говори детално за настаните со кои се одбележува секој ден од Страсната седмица во Црквата која е последната седмица од Велигденскиот пост. Таа ги едуцира верниците како правилно да ги одбележуваат деновите, што се случило во последните денови од животот на Господ Исус Христос, што претставува самото воскресение Христово и зошто е истото значајно за секој човек и целото човештво.
  • ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ТВ НАСЛОВ “ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ЗАШТИТНИЧКА НА МАКЕДОНИЈА” . Извонредно документарно сведоштво за чудата на Пресвета Богородица во времето нa Информбирото, во 1948. година, кога Пресвета Богородица се појавувала на прозорците во многу места во Македонија, за што говорат повеќе сведоци.
  • СВЕТИ НИКОЛА И СЕЛОТО МАВРОВО – ТВ НАСЛОВ “КУЛТОТ НА СВЕТИ НИКОЛА ВО СВЕТОТ И СЕЛОТО МАВРОВО”. Оваа емисија ги прикажува животот и чудата на свети Никола, и е дополнета со непознати информации. Најстарите жители говорат за православните обича и животот во селото некогаш, за старата и нова Црква посветена на св. Никола. Исто така, за прв пат се обелоденува и местото на родната куќа на првиот Архиепископ на МПЦ- ОА по Втората светска војна, г.г.Доситеј.
  • СВЕТИ ГЕОРГИЈ И СЕЛОТО БУЧИН –ТВ НАСЛОВ “КУЛТОТ НА СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ ВО СВЕТОТ И СЕЛОТО БУЧИН” . Извонредна сторија за ктиторот на Црквата посвеетена на св.вмч. Георгиј преку искажувања на неговите наследници. Бројни сведоштва за чудата на св. вмч. Георгиј во прилепско и во светот и целосно житие на светиот великомаченик.
  • ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД – ТВ НАСЛОВ “ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД – ПАТ КОН СПАСЕНИЕТО”, ПРВ И ВТОР ДЕЛ. Најисцрпно интервју на оваа тема со проф.д-р протојереј Јован Таковски, во кое се даваат сите одговори за значењето на исповедта со практични совети како правиллно да се исповедаме.
  • КАКО СЕ СЛАВИ СЛАВА? ПРВ, ВТОР и ТРЕТ ДЕЛ. Со протојереј Стојко Ристоски, разговаравме детално за сите аспекти на славењето слава и визуелно е претставено што практично треба да се направи за да правилно се слави славата
  • ФИЛМ, ТЕАТАР И ПРАВОСЛАВИЕ – интервју со популарниот и мошне омилен глумец Иван Босиљчиќ, за неговиот живот во православието, со бројни мудри Божји совети и богато видео.
  • СВЕТЛИНАТА НА ВЕВЧАНИ – Документарна богата информативна и видео сторија за 7 цркви во Вевчани, за неговата историја, чудата од овој крај и за неговите извори
  • СВ.ВАРВАРА И С.ЖУЖЊЕ – ТВ НАСЛОВ “ КУЛТОТ НА СВ. ВАРВАРА ВО СВЕТОТ И СЕЛОТО ЖУЖЊЕ”- Прикажано е житието на светата вмч. Варвара и уникатната приказна за заборавената црква која го носи нејзиното име во с.Жужње на Кораб и за љубовата и посветеноста на жителот Крсте кон црквата. Тој умира сам, смрзнувајќи се во црката, и е закопан пред неа од жителите на тоа село од албанска припадност. Соговорник Душко Шаревски.
  • СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ-ТВ НАСЛОВ “ 1150 ГОДИНИ ОД МОРАВСКАТА МИСИЈА НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”- оваа емисија е ретко и извонредно дело, кое содржи во себе не само исцрпно житие и детали од богатиот животен пат и подвиг на светите браќа, туку и извонредни објаснувања за боговдахновениот постанок на азбуката глаголица и за значењето на буквите , кои имаат христијанско потекло и значење. Сите словенски народи се стекнуваат со својата азбука, преку христијанството, токму од Македонија и македонскиот дијалект. Учествуваат проф.- д-р. Јован Белчовски, академик Петар Илиевски и други.