Шести меѓународен филмски фестивал за културно, духовно, историско наследство и духовни вредности - „Богородичен Покров“


Почитувани господа,

Шестиот меѓународен филмски фестивал за културно, духовно, историско наследство и духовни вредности - „Богородичен Покров“ - се одржа онлајн, од 11ти до 26ти декември 2021 година, во Скопје. Годинава фестивалот е спонзориран од Вишеградскиот фонд. Проектот е кофинансиран од владите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка преку Вишеградски грантови од меѓународниот Вишеградски фонд. Мисијата на фондот е да ги унапреди идеите за одржлива регионална соработка во Централна Европа. Овој фестивал е непрофитен проект, основан поради големата потреба за поддршка и негување на културните и духовните вредности и хуманоста во општеството и човештвото. Партнери на Фестивалот се: Фондацијата Аrs Sacra Sacra од Унгарија, The three brothers – Чешка продуцентска куќа, Novinski - продуцентска куќа од Словачка, Фестивал Филмско Бдење Душе – од Србија и Теледом - Македонија, Здружение на Унгарците во Македонија. Фестивалот досега е поддржан од 12 Амбасади. Вишеградскиот дел од програмата годинава се состои од играни и документарни филмови од Чешка, Словачка, Унгарија, Србија и Македонија. Фестивалот е основан во 2016 година, од г-ѓа Зорица Соломан Костовска и г-дин Коле Јовановски. Фестивалот е со благослов на Почесниот претседател на фестивалот, проф. д-р. Јован Таковски, протојереј –ставрофор, награден со златен медал „Свети Климент Охридски“ на државно ниво за неговата професионална работа. Програмскиот совет на фестивалот е составен од: д-р. Антонио Митриќески, режисер - професор на Факултетот за драмски уметности, добитник на бројни меѓународни награди, д-р. Ѓоко Ѓоргевски, декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен амбасадор на Македонија во Ватикан, Владимир Ангелов, филмолог и директор на Кинотеката на Република Македонија и Зорица Соломан Костовска, основач и директор на фестивалот, поранешен 10-годишен член на Меѓународната академија за телевизиски уметности и науки во Њујорк – Еmmy Awards, поранешен директор за меѓународни копродукции на МРТ, со 30-годишно искуство како ТВ и филмски продуцент, истовремено дипломиран дипломат и теолог. Основач на фестивалот е и покојниот г-дин Коле Јовановски, ТВ и филмски монтажер и режисер, добитник на бројни интернационални награди. Член на Советот беше и покојниот г-дин Драги Таневски, меѓународно признат директор на фотографија. Продуцент на фестивалот е Top World, независна ТВ продукција. Овој уникатен фестивал е посветен на највисоките вредности на човештвото.

Со почит,
Зорица Соломан Костовска,
Основач и директор на фестивалот


SPONSOR VISEGRAD FUND & PARTNERS OF THE FESTIVAL

VISEGRAD FUND
www.visegradfund.org

HOLY VIRGIN MARY OMOPHORION
www.facebook.com/international.filmfestivalomophorion

Богородичен Покров
http://www.facebook.com/bogorodicenpokrov

ARS SACRA FOUNDATION
https://www.ars-sacra.hu/index.php?nyelv=EN

THREE BROTHERS
www.historicalmovie.com

NOVINSKI
www.novinski.sk

VIGIL OF SOUL
www.bdenjeduse.co.rs

TELEHAZ
www.facebook.com/telehazmk


ПОКАНА


ДОБРЕДОЈДОВТЕ!
Драги љубители на духовните вредности,Добредојдовтe на Интернационален филмски фестивал „Богородичен покров“. Мисијата на овој фестивал е да ги шири духовните, хумани и културни вредности! Ве покануваме да бидете по шести пат, под Покровот на Пресвета Богородица, единствен интернационален филмски фестивал од ваков жанр во нашата држава, но и редок во регионот, кој годинава е online и се одржува од 11 до 26 декември оваа година, со реприза на програмата од 01 до 16 јануари, 2022 година. Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови. Ќе прикажеме 20 филмови и ТВ програми од Македонија, Русија, Србија, Чешка и Словачка, Унгарија, Романија и Франција. Сите се преведени на македонски јазик, поголем број и на англиски, а дел од програмата е и на српски јазик. Филмските проекции се бесплатни. Годинава, фестивалот добива поширока меѓународна димензија со поддршка на Вишеград фондот на Вишеград групата, за што сме посебно благодарни. Исто така, фестивалот е поддржан од Амбасадите на Русија, Чешка Република, Словачка, Унгарија, Романија. Голема благодарност до сите нив и до сите духовни покровители чии логоа се на нашите веб и фб страни. Повелете под покровот на Пресвета Богородица! Ве очекуваме!




ПОКРОВИТЕЛИ


КАТАЛОГ

Вашиот пребарувач не поддржува вметнати PDF документи, документот сепак може да го погледнете на следниот линк.


ИНТЕРВЈУА

Вашиот пребарувач не поддржува вметнати PDF документи, документот сепак може да го погледнете на следниот линк.

г-ѓа Марта Драгонич - "Како се шират делата на Љубовта преку уметноста..."

Вашиот пребарувач не поддржува вметнати PDF документи, документот сепак може да го погледнете на следниот линк.

Сакралните ремек-дела ги допираат срцата на луѓето - Нова Македонија

Вашиот пребарувач не поддржува вметнати PDF документи, документот сепак може да го погледнете на следниот линк.